Вардар со триумф против Металург Автокоманда

Тимот на Вардар славеше во пријателски натпревар против новиот тим во Женската лига, Металург Автокоманда, со 31-28.

Иако гостинките од Автокоманда водеа на полувремето со 15-12, сепак вардарки покажаа дека и во новата сезона ќе бидат „тврд орев“ за сите ривали.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Сара Стефаноска со осум гола и капитенот Ивона Трпевска, која даде пет погодооци.

Вардарки минатата недела беа дел од турнирот „Ѓорче Куп 2023“ и го освоија седмото место со три порази и една победа.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Дневен хороскоп за петок, 22-ри септември 2023-та

ОВЕНВашата увереност во сè што правите предизвикува почит и...

Денеска сончево, со натпросечни температури

Сончево и топло време денеска со мала до умерена...