Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6121
Еурофарм Пелистер доби покана за СЕХА турнирот во Турција | KOLUMNI.mk

Еурофарм Пелистер доби покана за СЕХА турнирот во Турција

Наместо планираниот и очекуван Ф4 на СЕХА Газпром лигата кој традиционално последниве сезони се играше во Задар, сега регионалното натпреварување најави „пријателски турнир“ од 1 до 3 септември во турскиот град Сакарија. Меѓу тимовите што добија покана за играње е и македонскиот првак Еурофарм Пелистер. Битолчани и регуларно требаше да играат на Ф4 турнирот бидејќи изборија место меѓу најдобрите четири тимови.

Според одиграните мечеви од четвртфиналето, Веспрем, Вардар и Еурофарм Пелистер требаше да играат на регуларниот Ф4. Последниот патник требаше да се реши меѓу Загреб и Нексе. Но, тој двомеч никогаш не се одигра.

Турнирот во Турција е замислен како пријателски турнир со четири екипи што играат во регионалната СЕХА лига и што во минатата сезона направиле некој успех. Покана за настап добија унгарскиот Веспрем, како актуелен победник на СЕХА од 2022 година, Мешков Брест како победник на последното издание, потоа српската Војводина како победник на Европскиот Куп на ЕХФ и хрватскиот Загреб како лански финалист.

Хрватскиот шампион нема да биде дел од овој турнир, а македонскиот шампион Еурофарм Пелистер би требало да настапи во Турција. Поканата е пристигната на адресата на битолчани, и за клубот тоа би бил одличен тест пред почетокот на домашното првенство каде уште во првото коло гостуваат во Скопје, а потоа почнуваат и настапите во Лигата на шампионите.

Иако официјално името на овој турнир е „Купот на пријателството“, треба да е налик на завршен турнир од дивизијата „Југ“ во СЕХА. Битолчани лани „дебитираа“ на завршните турнири во СЕХА и ја освоија бронзата, откако во мечот за третото место ја победија екипата на Нексе Нашице. Тоа беше нивно прво појавување на Ф4 и веднаш освоија медал.

Поради санкциите кон рускиот и белорускиот ракомет, тамошните клубови не играат во Европските купови, а поради европските санкции кон спонзорот на лигата – Гаспром и руските банки, СЕХА се игра(ше), барем во финалната фаза, само во Русија и Белорусија.

„Источното“ раководство на СЕХА лигата најави дека оваа конкуренција ќе продолжи да се игра. Во новото издание во дивизијата „Исток“ ќе има десет екипи, додека се уште постојат прашалници за бројот на екипите и изгледот на системот на натпреварување во дивизијата „Југ“, каде треба да игра македонскиот првак Еурофарм Пелистер и Вардар, кој би требало да добие специјална покана.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ