Зошто во лето се зголемува бројката на сообраќајни незгоди

Колумна на Пеце Лозанов:

Летните месеци може да бидат забавно време за да се качите во својот автомобил и заминете на некое подолго патување. За жал, ова е исто така најнебезбедниот или најсмртоносниот период од целата година, исполнет со огромен број на секојдневни сообраќајни незгоди од различни типови. Самите ние сме сведоци според пишувањата на социјалните мрежи и веб портали на зголемениот број на сообраќајни незгоди во текот на летните месеци отколку било кое друго време во текот на годината. И не само што летото е инхерентно опасна сезона за возење, тука можеме да ги наведеме и градежните активности, сообраќајниот метеж и почетниците, бидејки поголемиот број се случени или предизвикани баш од тие возачи со нови возачки. Исто така да не ја заборавиме и жештината што доведува учесниците да бидат поспани и дезориентирани во сообраќајот.

Сообраќајниот метеж е еден од најголемите причинители на сообраќајни незгоди, а тоа се разбира најизразено е во летниот период. Стапките на сообраќајните незгоди се зголемува во текот на летото затоа што имаме повеќе луѓе на патиштата, а тоа значи и повеќе возачи кои се движат со помала брзина од вообичаената што создава дополнителна нетрпеливост и нервоза кај сите учесници во сообраќајот. Кога имаме помалку простор помеѓу возилата, шансата да се судрите се зголемува иако се случи нешто неочекувано, дали некој ќе ви го пресече патот или ненадејно ќе сфатите дека има дупка пред вас.

Сообраќајниот метеж исто така може да доведе до тоа возачите да бидат фрустрирани од времето на патување, истото важи и за пешаците околу нив. Ова може да ги натера учесниците да преземаат и ризици за побрзо да пристигнат, што придонесува за понатамошен ризик од повреда или смрт со забрзување или возење премногу блиску еден до друг, претрчување на необезбедени премини.

Зголеменото ниво на стрес предизвикано од сообраќаен метеж, исто така може да предизвика расеано однесување при возењето, како што се пишување пораки, употребата на мобилниот телефон, шминкањето, неконтролирани звучни сигнали, довикување, може да бидат само дел од опасните навики кои може да доведат до сообраќајни незгоди!

Не постои начин да се избегни летото, факт е дека претставува најопасниот дел од годината за да се биде на патиштата. Времето може да им отежне на возачите и пешаците да бидат трпеливи и фокусирани во оваа сезона кога имаме се повеќе учесници во сообраќајот.

Но возачи не заборавајте сепак останете трпеливи кон пешаците и велосипедистите бидејки тие се најранливата група во овој период од годината, ние возачите колку-толку сме позаштитени, а пешаците и велосипедистите се тие кои се директно изложени на жешкото сонце. И доколку имате планови да патувате задолжително информирајте се за времето за се што ќе се случува во периодот додека ќе одите и ќе се враќате!

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра...

Пролет го донесе пивотот Стојчевиќ, Василевски потпиша нов договор

Тимот на Пролет го комплетираше првиот трансфер во...