Еурофарм Пелистер на чекор до титулата, одработи рутински со Струга

Ракометарите на Еурофарм Пелистер рутински одработија на гостувањето кај Струга и славеа со 35-24 во натпреварот од 13 рунда во суперлигашкиот плеј-оф.

Сега битолчани ги дели уште една победа до одбрана на титулата, иако може тоа да се случи и порано ако Вардар киксира со Охрид. Стружани пружија отпор во првиот дел, водеа во неколку наврати со гол или два, но паднаа во ритамот пред паузата.

По 10-9 за Струга, момците на Бранко Ангеловски врзаа пет гола во серија за 14-10 и до паузата ја задржаа предноста, 16-12.

Второто полувреме беше само рутинско одработување на задачата, па битолчани сега ќе се посветат на последното коло и натпреварот во „Боро Чурлевски“.

Во последната рунда Еурофарм Пелистер на свој терен ќе го пречека тимот од Автокоманда, кој минатата недела славеше против пелистерци во финалето на Купот на Македонија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Јанев: Еден ден играме феноменално до крај, а другиот ден…

Женската младинска репрезентација на Македонија во последниот натпревар...

Кој против кого до титулата во Скопје

Денеска на Светското младинско првенство во Скопје се...

📸 Фуриозниот старт не беше доволен за нова мундијалска радост

Женската младинска репрезентација на Македонија загуби од Црна Гора...