Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Физичката дистанца и онлајн наставата влијаат врз менталното здравје и социјализацијата на децата | KOLUMNI.mk

Физичката дистанца и онлајн наставата влијаат врз менталното здравје и социјализацијата на децата


Скопје, 2021 (МИА) – Почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за секое демократско, напредно и развиено општество нема поважна работа од создавање на здрави, образовани, вредни, толерантни поколенија подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот и модерното време, потенцираат од Народниот правобранител по повод 20 ноември – Светскиот ден на детето.

„Повеќе од една година, децата, не само кај нас туку низ целиот свет, се соочуваат со поинаков начин на живот во сите сегменти, вклучувајќи го и образовниот процес. Физичката дистанца, онлајн наставата влијаеја и сѐ уште влијаат врз децата, оосбено врз нивното ментално здравје и социјализацијата, како битен сегмент во нивниот психолоши развој. Во таа насока сите чинители се должни да сторат сѐ што е во нивна моќ и да им помогнат на децата што полесно/побезболно да го поминат овој период, без тој да остави трајни последици врз нив. 20 ноември се одбележува како Светски ден на детето и ден на Конвенцијата за правата на детето, и е ден кога сите ние ги сублимираме нашите заложби, напори, иницијативи, преземени дејствија, за утврдување на статусот на детето во училиштето, во семејстсвото и воопшто во општеството, посебно од аспект на почитувањето на децата како индивидуи со свои ставови и гледишта за сите битни прашања, посебно за прашањата кои се однесуваат на нив“, посочуваат од Омбусдманот.

Свесни сме дека за хармоничен развој на личноста на секое дете, потенцираат оттаму, треба да создадеме услови тоа да расте во здрава семејна средина, во пријатна атмосфера исполнета со среќа, љубов и разбирање.

„Токму затоа децата треба и мора да ги третираме како рамноправни на нас возрасните, како активни субјекти и носители на права и обврски. Дожни сме да го слушнеме и почитуваме нивото мислење, посебно кога станува збор за прашања кои го засегаат нивниот интерес. Сите имаме обврска да придонесеме за нивен правилен психофизички развој, да ги воспитаме и образуваме во духот на толеранцијата и прифаќање на различностите, да ги научиме како да одбегнуваат конфликтни ситуации и да го изберат дијалогот како начин на решавање на проблемите, со што ќе придонесеме детето да биде подготвено да живее во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправно и солидарно со другите“, велат од Омбудсманот.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Trumpizam je postao samoubojstvo iz zasjede. Sprema mu se debakl

DOK SVET otaljava još jedan...

The Kremlin Fiddles While Tuapse Burns

No sooner had local officials declared that they had...

Gotovo 70 godina prkose Americi. Sad su pred potpunim kolapsom

KUBA, karipski otok koji je...