Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига на светот – Бундес лигата, познато е дека Магдебург и Фуксе Берлин обезбедија билет за настап во Лигата на шампионите за следната сезона.

Магдебург, кој во ланската сезона ја освои титулата во европската елита, а во домашниот шампионат не успеа да ја одбрани, се наоѓа на добар пат повторно да биде шампион на Германија.

Актуелниот европски првак до крајот од сезоната во Бундес лигата треба да одигра уште четири натпревари, додека на неговиот главен ривал Фуксе Берлин му преостануваат само два натпревари.

Овие две екипи имаат по 54 бодови на табелата и сосема е јасно дека на „лисиците“ ќе му треба чудо за да дојдат до шампионската титула. Ракометарите на Магдебург за последни ривали ги имаат Балинген, Лајпциг, Рајн Некар и Вецлар. Тимот на Фуксе Берлин во последните две кола ќе се сретне со Бергишер и Ајзенах.

Фуксе Берлин последен пат во Лигата на шампионите играше во сезона 2013/14 и тогаш во квалификациите беше елиминиран од Хамбург.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Миленковска ќе игра против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Полски клуб пред финансиски колапс!

Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во...

Дневен хороскоп за петок, 21-ви јуни 2024-та

ОВЕНСтранично влијание може значително да го попречи вашиот напредок...