Грчевски: Настапот на ова ЕП е собирање искуство, се надевам за некоја година ќе дојдат и резултатите

Женската кадетска селекција на Македонија денеска го игра првиот натпревар на Европското првенство во Црна Гора.

Ривал е Романија, силен противник, а на овој меч ќе дебитира новиот селектор Кристијан Грчевски, кој во стручниот штаб ги има Јулијана Дамчевска и Адријано Котевски.

„Моето прво искуство како тренер беше токму со дел од овие девојки кои ги направија првите чекори во ракометните води во Академијата на Вардар. Со дел се познаваме, со дел се запознавме на подготовките. Овие девојки навистина имаат добри предиспозиции за во иднина да направат добра кариера. За тоа е потребно да се работи преку целата година, да не се чека само собир на репрезентација и дека ако еднаш се на овој список, не значи дека и ќе останат за наредните акции. Се работи за млади девојки и промени ќе има со цел да се направи нешто за женскиот ракомет. Како тренер со долгогодишно искуство во машкиот ракомет мислам дека добро ќе им дојдат на девојките малку машки финеси за да се искачат едно ниво повисоко“, вели Грчевски.

Денеска се игра премиерниот натпревар со Романија, а во тешката група се уште и селекциите на Унгарија и Франција.

„Не чека настап на ЕП каде сите ривали се на едно ниво повисоко од нас. Еден систем што трае со години и се гради нешто со цел. За разлика од кај нас каде што е тешко да се одржи некаков систем со кој сите женски селекции би биле покриени со еднакви услови за работа и да не биде само импровизација. Сега почнуваме нешто ново, еден циклус што би требало да трае еден добар период и се надевам дека за некоја година ќе дојдат резултатите. Ова ЕП за нас е собирање на искуство, еден правец по кој треба да се движиме и да видиме дали воопшто имаме ракометарки за кои треба да се вложиме сите заедно за доброто на женскиот ракомет…Се надевам сликата ќе биде многу појасно по ова првенство“, продолжи Грчевски.

Селекторот се пожали на условите за работа во овој летен период.

„Периодот за подготовки беше навистина краток, имавме и неколку проблеми со условите во салите, каде нема никаква вентилација, ниту пак климатизација. Девојките се првпат заедно, се уште се запознаваат и мислам дека треба уште некој период од неколку месеци за да сфатат што значи репрезентација, како треба да се однесуваат кон нашиот национален грб и како треба да се бориш за државното знаме. Се надевам сите ќе извлечеме едно големо наравоучение од претстојниот период и дека за следниот собир веќе ќе имаме пореална слика – како ние од стручниот штаб, така и девојките кои ќе знаат што значи национална селекција“, заврши Грчевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра денеска од 15:45 часот, а потоа следуваат натпреварите со Франција и Унгариија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати

Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти...

„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето...

За оваа изненадувачка придобивка од водата за пиење ретко се зборува

131 Знаеме дека не можете да живеете без вода. Тоа...