Хансен се враќа на терените – ќе биде спремен за двомечот со Веспрем

Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен моментално отсуствува од ракометните терени поради повреда, но неговиот камбек би требало да биде овој викенд, пренесува порталот „handball-world“.

Хансен, кој пред извесен период објави дека ова лето ќе ја заврши богатата кариера, најверојатно на натпреварот против Морс ќе се врати на терените.

Алборг во 4. коло од плеј-оф фазата во данскиот шампионат на 21 април ќе му гостува на Морс, потоа на 25 април се враќа на обврските во Лигата на шампионите.

Данскиот тим за пласман на Ф4 турнирот во Келн ќе се бори против унгарскиот гигант Веспрем, а првиот дуел меѓу двете екипи ќе се одигра во Унгарија.

Реванш натпреварот меѓу Алборг и Веспрем е закажан за 1 мај. Победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман на завршницата од ЛШ.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

КАДЕТИ Ф4: Еурофарм Пелистер 2 – Посакуваме напредок во однос на лани, а тоа е најмалку финале

Завршниот турнир во машка кадетска конкуренција ќе се...

Тоскоски стана тренер на Аполда и веднаш донесе македонско засилување – пивотот Ѓорѓиески

Некогашниот голман на битолски Пелистер, Игор Тоскоски, од...

КУП 2024: Георгиевски – Да не го разбраниме Трајковски

Играта во одбрана секогаш е сегмент на кој...