Јанев: Ќе се трудиме од натпревар во натпревар да бидеме се подобри

Јанев: Ќе се трудиме од натпревар во натпревар да бидеме се подобри

Младинската женска репрезентација на Македонија денеска го стартува настапот на Светското првенство во Скопје.

Селекторот Дарко Јанев вели дека главната цел е да се помине групната фаза и дека ќе се оди чекор по чекор.

„Нашата репрезентација ќе настапи во мешан состав, а тоа ќе бидат девојки од генерацијата 2004/2005, како и перспективните ракометарки од генерацијата 2006/2007. Не очекуваат низа интересни и тешки натпревари против најдобрите светски репрезентации. Ќе бидам скромен и внимателен и не сакам да ветувам ништо. Нашата прва цел е да ја минеме групата. Ќе одиме чекор по чекор и ќе се трудиме од натпревар во натпревар да бидеме сѐ подобри“, вели Јанев.

Нашата селекција имаше проблеми со играчкиот кадар и нема да играат Дукоска, Јанкуловска, Коловска, Нестороска, Велкова…

„Имавме големи проблеми. На СП ќе ни недостасуваат и тоа многу повредените играчи Нестороска, Коловска, Дукоска, Велкова…кои беа предводници на оваа генерација. На првенството нема да сметам ниту на Јанкуловска која заработи скршеница на стопалото“, заврши Јанев.

Прв предизвик за Македонија ќе биде селекцијата на САД, денеска од 20:15 часот, а мечот се игра во СЦ „Борис Трајковски“. На 21 јуни, Македонија ќе се соочи со Исланд, а на 22 јуни ќе игра против Ангола.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...