Јована Кипријановска го продолжи договорот – уште една сезона во Самбр Авенуа

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска и во наредната сезона ќе биде дел од францускиот тим Ле Самбр Авенуа.

Кипријановска ја одработува втората сезона од договорот со францускиот клуб, кој реши да и понуди продолжување на соработката.

Македонскиот десен бек имаше одлични партии оваа сезона, па тоа беше доволно причина да остане во клубот што се бори за место во француската елита.

Ле Самбр Авенуа e лидер на табелата во Втората лига со 53 бода, додека второпласираниот Стад Песаке има 47 бода.

Покрај клупските настапи, Кипријановска ја очекува и настапот на Европското првенство со Македонија кон крајот на годинава.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Екс вардарецот Македа пред потпис со Келце!?

Актуелниот шампион на Полска, Келце, кој не успеа...

Босанците оптимисти: Португалија е фаворит, но и ние имаме свои адути

Репрезентацијата на БиХ за ривал во бараж двомечот...

Why Russian Propaganda Isn’t as Sophisticated as You Think

It is widely assumed that Russia possesses unparalleled powers...

Охрид ќе биде домаќин на пионерскиот Ф4 – познати се полуфиналните двојки!

Во недела Охрид ќе биде домаќин на завршницата...