Кадетките со нов убедлив пораз на ЕП во Црна Гора

Кадетките на Македонија повторно одиграа лош натпревар на Европското кадетско првенство во Хрватска и убедливо беа поразени од Франција со 31:15.

Франнцуската репрезентација победата ја запиша уште во првото полувреме, кое го доби со 15:4.

Погодоците на Македонија во првите 30 минути беа дело на Максимовска, Миленкоска, Трпеска и Кралева.

Второто полувреме беше само формалност и рутински одработување на задачата од страна на Франција, која групната фаза ја заврши со три победи и во главната рунда ќе пренесе два бода.

Македонија по трите убедливи порази ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место и ќе се обиде да го поправи лошиот впечаток.

Најефикасна во репрезентацијата на Македонија беше Анастасија Трпеска со четири погодоци, по три реализации имаа Михаела Кралева и Хана Мифтари.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...