Колумна: Македонско животинско царство – OhridNews

А позашто да ги паљиме после 10 сијаљициве? Па неморат и ночта да е ден во Сруга.“ ….По голема мисла од Меркота немам чуено. А и во право е. Шо кој онакво вие ќе ми шетате навечер. Шо потреба да ојте на пред новогодишни забави. Шо потреба ако ти требит некој лек после 10 па да ојш во аптека. Ете ти ја утрите ако не умриш че земуваш. Не така? Па бидете бре во духот на струјната и економската криза.

Вака по ночите од Мерко и полесно ќе ти е ако некој пес скитник те апнит за газот. Важно нема да гледаш кај шо те прајт пастрма иначе мојт да ти се згадит. Да се исповратиш. Ај то тук така распартален во ночите ќе мораш да се влечкаш со си црева до некоја аптека по Еглонил. Сеј си мирен и плаќај си улично осветлување и мавај се по бандерине ко мува в џам. Пак најсетне Рамиз прв почна да штедит струја. Не светат сијалицине ко ќе влегвит во службеното Ауди од 70 000 еври. Со летрик влегвит, а тој работит со 2А батерии од 35 денари. Ам како.

Е вака сакам да читам и да се радвам со препоептемнајпаметни луѓе шо ги имаме во државава. Одма, ама под хитно да се клает на црвена листа ко балкански рисој. Радост и само радост. Цела недела ми е таква.

Прво радоста ми бликна ко прочитав дека експресно е завршен аутобанот со 12 ленти Крупиште –Кочани шо е дел од експресниот пат Штип-Кочани. И то завршени се сите, ветените 12 километри. Со овај потег сега за НСРСМ немат зима. Аку идат. Сега многу лесно ќе можат жителите на Берлин, Париз, Сиднеј и други светски метрополи да ја посетвет држава како во зимскита така и во летната сезона.

Башка и за нас лично е убо. Ти прднало да му пратиш на детето ајвар, туршија, расол и понекое првче за кратко време ќе си стигнит пакетот во Сорбона, Кембриџ и други светски универзитети. Ене кај ни е сега и Дубаи. Едно едно мојме на пазар да си ојме ОАЕ нормално само ако е понеделник. Во Катар на предновогодшна забава ак ни се ојт. Чукна 12 полнош данк колата и за сат два дома. Зато немој од сега да слушнам дека државава ни е слепо црево на Балкаков. Сега сме дебело, шо бе дебело, она подолгото, тенко црево на Балкаништево.

Абе радости наши. Дури од радост го заебаја и го забораја Салета Мијалков. Чоекот требеше на 22.12 да бидит спроведен на судење за Титаник 2, арно ама судот наместо тој датум клал 12.12. И директорот ко ја видел поканата си имат речено шо дојде ова денес ко Сашенце ваљда го спроведовме на 12-ти. Сега пак? И си поќутел, а Сашко машносан, дотеран, депилиранм со локни во косана се потпосрал од радвење шо пак ќе ојт на суд останал ко невеста накитена не дарвана.

Можда пак директорот бил натажен шо на некој негови колеги од Табановце ги спречиле да одат во Катар, преку автобанот Крупиште- Кочани, на предновогодишна забава. Некои лоши чичковци за ништо ги зеле од наработа и ги однесле кај Мијалков. Баш за ништо. Луѓето менвеле сличина од животинско царство со тие шо ја поминвеле границата и при замената им подметвеле дупли сличиња.

Страшно. Цела држава ние животинско царство, а овие ќе награбусат за сличиња. Свашта. Македонска работа. ИИиии ќе забораев. Ова е последна колумна ова година и не ќе ви честитав. Ај македончиња среќна нова 1949-та.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷Војводина си направи малер – предвреме „прослави“ трофеј

Тимот на Партизан ја шокираше Војводина и го освои...

Хансен се враќа на терените – ќе биде спремен за двомечот со Веспрем

Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен моментално отсуствува од...