Колумна: Според ЗРО, летрик в чело

ВМРО се втурна. Се фрли и се напна во рамките на акцијата “Ова е Македонија за сите“. Во рамките на ова акција апостолите на Мицкота посетија неколку македонски метрополи. Гордана Кочоска: Ротинце, Копанце, Вратница, Рогачево и Беловиште. Ѓорчев метрополите во валандовска општина. Аџиоски Мешеишта, Волино, Ботун и Злести.

Ваљда следвет посети и во Конче, Пирок, Гајре, Кракорница, Пареши, Дупјани и многу многу други македонски метрополи. Средбите беа позитивни и многу корисни за пратениците спасители, сообраќајот беше сегде застанат за да можат сите двајца да си ги кажет маките. Незнам за кај кажаа 93 – годишниот Јандре беше сам присутен з`ш татко му беше на свадба кај дедо му кој се женеше дента.

Го прашвеа народот шо им фалит во НСРСМ, воглавном се водеа разговори со присутните за нивното мислење за ТикТок, насилните пораки на ФБ, Мај Спејс, Твитер, како и свадбите на ПорнХaб, односно влијанието на постојте на овие социјални мрежи за животот на овие сурфери во областа на економија и социологија.

Тројцата собраа податоци и ги пласираа на останатите во државава. Малку беа штури собраните податоци з`ш голем дел од посетените не сурфаа за време на крунисвењето на Кралот Чарлс трети.

На овие средби беше кажано дека во државава владејт сиромаштија, егзодус во странство на младите. Незнам само дали апостолите им кажаа на посетените дека истите тие со Зоне побегуља ги решаваа овие проблеми 11 последователни години. Тогаш ништо од ова не решија, можда со нови 10 години ќе успеат. Арно ама рака на нога многу се измачија ама шо да им прам ко столи ги бојко за Македонија, а ако не ги столеше не ќе мораа да шетет низ државава како панаѓурџии.

И ако Мицко се грижит за обичниот народ во НСРСМ, Таченце со другарите здушно работит за доброто на работниците кои ќе се ангажирет за “Бехтел и Енка“ све да им е погодено. Тој демантира дека работниците ќе работеле над 70 часа неделно туку ќе работеле до смрт, а после то имет право да се одморат. Ги прочитав измените во Законот за робовски односи. Или работни. Незнам како беше. Во него се велит:

Работници ќе имет право на пауза од 3 минути на секој 4 часа работа каде ќе им се делит коцкичка маслац и мало кутивче еурокрем со пола геврек за доручек. Ќе бидат сместени во монтажни објекти со цела комоција и зато ќе се обаезбедет на еден работник пола метар квадратен за да им биде комотно, ако им се дозволит одмор. Бар така велат измените на Законот за робовски односи. Или работни. Незнам како беше.

На сите работници оперативно со анестезија ќе им се вгради летрик в чело за да не се сопинет навечер. Исто така на газот катадиоптер со цел овај од позади не му го втикачит летрикот в гас работејќи ревносно.

Помеѓу катадиптерот и чмарот ќе се вградит мала прскалка да не се креват прашина при работата за да не се гушат работниците з`ш ќе имет само една цевка вградена во грлото за пијање вода, а не за чист воздух.

Кој како падинат од умор ќе му се дават парче зденка и пола зелена пиперка со Ц витамин ак мојт да се наткренит, а пак ако не…..ќе се навинкит семејството и без него. А?

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ловќен и Будуќност остануваат доминантни во Црна Гора

По освоениот национален шампионат, ракометарите на Ловќен го...

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...