Уште пролетниот распуст фалеше, сега ќе му тргне на образованието

По завршување на денешниот школски ден започнува пролетниот распуст. Оваа новина е воведена од оваа учебна година. Имено, учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на распуст.

Да, ова е нешто ново во образованието. Да, ова е дел од силната реформа што ја форсираат властите. Но што е со другите цели кои си ги постави Владата околу образованието?

Еве дел од нивната програма за работа:

-Владата ќе развива квалитетно образование достапно на сите, образование кое ќе создава кадри кои ќе размислуваат логички и критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти и анализи… Во наредниот период, продолжуваме со реформата во основното образование, во отворен процес и со согледување на ставовите и позициите на сите активни чинители во него, со подготовка на нови материјали за учење, алатки, нагледни средства како и обучување на наставниот и стручниот кадар во училиштата…, пишува во владината програма.

Се постигна ова? Имаше годинава доволно учебници, нагледни средства, добри програми за работа…?

Дали ова со распустот е највидливото од реформата за која инаку сите релевантни образовни институции во македонија реагираа дека не е добра и треба да се доработи? Но тогашната министерка Мила Царовска сето тоа го занемари.

Еве сега ќе има распуст. Тој е за учениците. А во министерството и во разните Бироа и институти за развој на образованието треба да поработат – како понатаму.

Мора да се увиди дека не е дојдена работава до распустите. Потребни се програми. Потребна е нов концепт кој нема да се прави во тесен круг. Ова треба да биде приоритет и на победниците на сегашните парламентарни избори.

Во образованието учениците треба да прават експерименти, а не политичари да  прават експерименти со образованието.

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Еден од најдобрите полски клубови би можел да згасне

Иако на ракометната мапа во Полска доминираат Келце...

Потоп за СДСМ – Denesen.mk

Дарко ЈАНЕВСКИ Веќе нема дилеми дека ова ќе бидат едни...

СЕДМЕРЕЦ: Спушти на пикер | 24 РАКОМЕТ

Со Столе Стоилов како додадена вредност на...