Нема проблем дојди утре! – СКОПСКО ЕХО

Колумна на Заге Филипоски:

Одиш на шалтер. Бараш извод од матична книга на родени. Не случајно ти треба за некоја процедура, да го покажеш на некој друг државен орган. За редовна оставинска постапка на пример.

Порачуваш онлајн. Доаѓаш на закажан термин. Чекаш ред. Доаѓаш на шалтер, ти го згрешиле името. Веселиот чиновник весело одмавнува со глава, не е проблем вели дојди утре ќе ти направам нов! Како тоа не е проблем му велам? И те како е проблем. Тој се смее и ме убедува во неговата теза. Не го инересира дека утре сум на пат. Дека и утре треба да се измолкнам низ гужвата, да се изпаркирам, да допешачам да се избуткам со останатите. И за чудо повеќето од ликовите ми беа познати, од претходниот ден, значи и ним им го згрешиле името. Но не е проблем и тие дојдоа повторно за да си земат корегирана верзија.

И секогаш така, во централен регистер ја утнаа адресата, во општина решението е со исправка (на името), во фондот ѕиркав во екранот и за да ги детектирам и исправувам грешките, шуќур, инаку сите податоци ќе беа грешни. И сите се позитивни и расположено ти ветуваат: Нема проблем дојди утре! Небаре ти прават услуга, а не им текнува да се извинат дека направиле грешка и дека со тоа причинуваат материјална штета наречена денгуба. Колкава е вредноста на денгубата во една држава? На дневна или годишна основа?

Колкава е вредноста на денгубата на семафори? Колку непотребни издувни гасови? Прекумерно потрошено, скапо увезено и акцизно оптеретено гориво трошиме на несинхронизирани семафори, нефункционални и без концепт сообраќајни решенија, едноставно на некадарност на кои сме им дозволиле надлежност во последните 30 години. Ги гледаме насмеаните сограѓани партиски митинзи. Ги поддржуваат своите, ги хејтаат туѓите. Се гушкаат се поддржуваат, насмеани, очекуваат прогрес од своите и катаклизма од туѓите. А што всушност се остварува?

Се прашувам дали овие исти поддржувачи и хејтачи се толку ажурни кога ќе се соочат со моите доживувања? Дали исто така здушно и здружно се упатуваат во штабовите и на партиските состаноци и конгреси бараат отечет од истите кои ти тапкаат по рамо? Дали им кажуваат дека не се согласуваат со ноќно изменетите ДУП-ови, под рака продадени парцели, кривоправо изведени тротоари, скршено поставени плочки, и … или се тука само да седат во публика, да се навредуваат и да се плукаат со другата публика, да се замераат и хејтаат со роднините и комшиите, а за суштинските животоважни прашања не заслужуваат одговор!?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трофеи ќе се доделуваат во Словачка и Грција

Ждрепката за домаќините на финалните натпревари во Европскиот...

Данецот Гидсел сруши 23 годишен рекорд во најсилната лига

Репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел, успеа да сруши...

Последните аплаузи пред падот на завесата

Петар Поп-Арсов Претставите започнуваат многу порано од чинот на подигање...

Уште еден играч на Фарски Острови се сели во Бундес лигата

Тимот на Хановер полека го комплетира составот за...