Уште еден играч на Фарски Острови се сели во Бундес лигата

Тимот на Хановер полека го комплетира составот за новата натпреварувачка сезона, во која главна цел ќе биде повторно да се обезбеди пласман меѓу најдобрите екипи во Бундес лигата.

Според пишувањата на германските медиуми, од следната сезона во Хановер ќе настапува репрезентативецот на Фарски Острови, Вилхелм Поулсен, кој настапува на позицијата десен бек.

24-годишниот ракометар во редовите на бундеслигашот ќе се пресели од данскиот Лемвинг.  Сегашниот клуб на Поулесен не успеа да обезбеди опстанок во најквалитетната лига во Данска и од следната сезона ќе настапува во понизок ранг.

Десниот бек во Хановер би требало да биде замена за Бранко Вујовиќ. Како што е познато, за услугите на црногорскиот репрезентативец се заинтересирани неколку клубови.

Во Бундес лигата од репрезентацијата на Фарски Острови, која е ривал на Македонија во бараж двомечот за СП 2025, играат уште Елијас Елефсен а Скипаготу (Кил) и Хакун Вест ав Тајгум (Фуксе Берлин).



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Маестралниот Митревски го остави Порто во игра за титула

Португалскиот шампион Порто ја продолжи трката за одбрана...

Мила Трајковиќ си замина од Металург Автокоманда

Левото крило Мила Трајковиќ во финишот на сезоната...

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Машко и женско финале во Купот на Македонија

Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одиграат...