Табоада и Фредериција го оставија данскиот шампион без полуфинале

Екипата на Фредериција, во која настапува екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Рение Табоада, во последното коло од плеј-оф фазата од данскиот шампионат го совлада актуелниот шампион ГОГ Гудме со 34:24 и си обезбеди пласман во полуфиналето.

Еден од најзаслужните за убедливата победа над ГОГ Гудме беше токму Табоада, кој во мрежата на некогашниот учесник во ЛШ постигна седум погодоци и подели неколку асистенции кон своите колеги.

Екс членот на македонскиот шампион во оваа сезона е еден од најдобрите играчи во данскиот шампионат и речиси на секој натпревар е меѓу главните стрелци во својот тим.

ГОГ Гудме, кој во претходните две сезони го освојуваше златото во домашниот шампионат, оваа сезона одигра многу лошо, регуланриот дел го заврши на 3. позиција, имаше биланс од 15 победи, осум порази и три реми.

Од втората група, освен Фредериција, пласман во полуфиналето обезбеди и тимот на Скјерн, додека од првата група во полуфиналето се чекираа Алборг и Есбјерг.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Репрезентацијата допрва ќе испишува историја“

Последниот предизвик со кој се соочи машката репрезентацијата...

Маестралниот Митревски го остави Порто во игра за титула

Португалскиот шампион Порто ја продолжи трката за одбрана...

Мила Трајковиќ си замина од Металург Автокоманда

Левото крило Мила Трајковиќ во финишот на сезоната...