Трофеи ќе се доделуваат во Словачка и Грција

Ждрепката за домаќините на финалните натпревари во Европскиот куп одлучи дека трофеите ќе се доделуваат во Словачка и Грција.

Во машка конкуренција грчкиот Олимпијакос, ќе игра против исландскиот Валур Рејкјавик, додека кај дамите тимот што го елиминираше Ѓорче Петров, шпанскиот Елче ќе се соочи со словачкиот првак Јувента Михаловце.

Првата средба во женското финале е на програмата во Шпанија, додека трофејот ќе се додели во Словачка.

Кај мажите, првиот натпревар е на Исланд, додека реваншот е во Пиреја и грчкиот тим има голема шанса да се закити со европски трофеј.

Првите натпревари во женското и машкото финале ќе се играат на 18/19 мај, додека реваншите се на 25/26 мај.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Маестралниот Митревски го остави Порто во игра за титула

Португалскиот шампион Порто ја продолжи трката за одбрана...

Мила Трајковиќ си замина од Металург Автокоманда

Левото крило Мила Трајковиќ во финишот на сезоната...