Куп на Македонија: Од утре до недела 15 натпревари – еве го распоредот

Куп на Македонија: Од утре до недела 15 натпревари – еве го распоредот

Од утре до недела ќе бидат одиграни 15 натпревари од елиминациското коло во Купот на Македонија.

Бранителот на трофејот, Вардар, веќе е во следната рунда и ќе ги чека 15 победници од овие натпревари.

Утре се играат три меча, в петок уште пет, в сабота на програмата се четири натпревари, додека в недела има три.

Најинтересно се очекува да биде на натпреварот меѓу двете суперлигашки екипи Голден Арт и Аеродром, како и на дуелите меѓу Бисинов и Мулти Есенс.

На останатите средби суперлигашите се фаворити против прволигашките ривали.

Куп на Македонија, елиминациско коло, распоред:

07/12, 18:30 Борец – Пролет
07/12, 19:30 Прилеп – Јехона
07/12, 20:00 Куманово – Текстилец
08/12, 14:00 Астраион – Струга
08/12, 17:30 Голден Арт –  Аеродром
08/12, 18:00 Бутел Скопје – Македонија ЃП
08/12, 19:00 Драчево – Алкалоид
08/12, 19:15 Партизан Гевгелија – Тиквеш
09/12, 14:00 Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
09/12, 17:00 Преспа Вардар – Радовиш
09/12, 17:00 Бисинов – Мулти Есенс
09/12, 17:00 Еурофарм Пелистер – Шампион
10/12, 13:00 Кичево – Вардар Неготино
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ