Легендарниот Шола доживеа неуспех на изборите во Хрватска

Црногорскиот селектор Владо Шола учествуваше на парламентарните избори во Хрватска, но не успеа да освои доволно број гласови за да обезбеди мандат во собранието.

Гласањето за 151 пратеник во собранието на Хрватска беше денес, а по првите проекции од излезните анкети, искусниот стратег е далеку од потребниот праг за да стане пратеник.

Шола беше носител на коалициската листа предводена од Социјалдемократи, ИДС, ПГС и Лабуристи.

Поранешниот голман на „коцкестите“ довербата на граѓаните во Хрватска ја бареше во втората изборна единица, која го опфаќа и источниот дел на градот Загреб.

По неуспешниот обид во политиката, Шола наскоро им се враќа на репрезентативните обврски.

Црна Гора следниот месец ја очекува бараж двомечот против Италија за пласман на Светското првенство 2025.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ