Кадетен со ново засилување – потпиша пикер од Елверум!

Екипата на Кадетен Шафхаузен веќе започна со формирањето на тимот за следната натпреварувачка сезона.

Швајцарскиот клуб на лето ќе го напуштат двајца клучни играчи, левиот бек и екс член на Вардар, Жоан Кањелас, како и кружниот напаѓач Лукас Хербургер.

Кањелас пред извесен период објави дека ќе заминува во пензија, додека Хербургер ќе заигра во Бундес лигата, поточно во тимот на Фуксе Берлин.

Раководството на Кадетен Шафхаузен веднаш се активира на трансфер пазарот и  беше на шопинг во Норвешка.

Како замена за Хербургер во Кадетен Шафхаузен ќе биде Швеѓанецот Касем Авад, кој моментално го носи дресот на Елверум.

29-годишниот ракометар најголемиот дел од својата кариера го помина во матичниот Малме, клуб со кој се натпреваруваше во неколку европски натпреварувања.

Со екипата на Елверум во сезона 2022/23 играше во Лигата на шампионите и на 14 натпревари успеа да постигне 30 погодоци.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Како јас ја разбирам „Македонија твоја“!? – Denesen.mk

Јованка КЕПЕСКА Македонија твоја ја разбирам како слободно дејствување и...

Македонецот не може да го поднесе погледот на секој што го прави немакедонец! – Denesen.mk

Бранко САРКАЊАЦ Сликајќи го портретот на граѓанинот на FYROM јас...

Human Rights and Environmental Abuses in Central Asia and Eastern Europe Threaten Green Transition

With the alarming acceleration of global heating, pressure is...