В петок започнува вториот круг во прволигашкиот плеј-оф

Со натпреварот меѓу екипите на Драчево и Младост Богданци ќе започне 8. коло во плеј-оф фазата од Првата лига.

По седум одиграни кола, лидер на табелата е Бисинов, кој е многу блиску до директен пласман во суперлигашката конкуренција.

Велешани имаат 100% учинок и само милиметри ги дели до остварување на целта за оваа сезона.

За второто место, кое носи бараж за пласман во Супер лигата, се борат три екипи –  Младост, Радовиш и Металург РА.

Прва лига, 8. коло, плеј-оф, распоред:
19/04, 20:30, Драчево – Младост
20/04, 18:00, Бисинов – Шампион
20/04, 18:30, Радовиш – Металург РА
20/04, 19:00, 4Македонија ЃП – Јехона

Табела: Бисинов 24, Младост 18, Радовиш 17, Металург РА 16, Драчево 11, Јехона 7, Македонија ЃП 3, Шампион 0



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ