Ловење во матно – Нова Македонија

Значи, стигна првата „патарина“ од автопатот што од првиот ден кога беше најавен предизвика низа контроверзии и контрааргументи, но секогаш имаше груби аргументи, кои се покажаа како посилни. Дозволата за непречено копање и експлоатација на линијата на замислената траса од самиот почеток бодеше очи кај експертската јавност, но сите нивни аргументи паднаа во вода пред најавата за патот што нѐ носи во блескавата европска иднина. Вториот случај, кој исто така минува речиси безгласно, се провлекува дваесетина дена, колку што загрижените жители на општината Чашка се на протест поради, како што велат, насилно отворена албанска паралелка

Трагичните настани околу суровата ликвидација на малата Вања и на пензионерот од Велес буквално го одзедоа целокупното внимание во македонската јавност. И со право беше вознемирена јавноста, бидејќи вакви безумни чинови се ретки во многу пошироки размери. Но, како и многупати кај нас по кој било повод, одеднаш целата нација се претвори во колективен истражител, инспектор за крвни деликти, судија, обвинител, а не беше мал бројот и на оние што се кандидираа за џелати.
Од една страна тоа укажува на исклучително ниското ниво на доверба што граѓаните го имаат кон институциите, но сепак треба да сфатиме дека таквото однесување води само кон поголем хаос и анархија. Сепак, треба да ги оставиме надлежните институции да си ја одработат својата обврска, а судот на јавноста може да биде искажан дополнително. Во овој момент најважно е да им се остави простор на институциите да работат без притисок, за да не дојде до некои несакани избрзани одлуки, кои подоцна негативно би се одразиле во продолжението на целиот овој процес, кој, патем, будно го следи и меѓународната јавност. Да не дозволиме повторно да се покажеме како тотални аматери во случајот, кој, барем според досегашните споделени сознанија, не би требало да претставува проблем за сериозна стручна екипа надлежна за негово решавање.
Истовремено, не треба да останеме заслепени од овој несомнено исклучително суров и нечовечки чин и да се најдеме во ситуација крај нас да минат редица настани што не смеат да останат незабележани и несанкционирани односно решени на најдобар можен начин.

Шансата некој да се „протне“ додека јавноста е преокупирана со настан што сите нѐ натажи и загрижи треба да се сосече во корен. А обиди изминативе денови, како по некое правило, имаше, но тие неочекувано добија само мала гласност и се добива впечаток дека сето тоа е нормално и не треба да се креваат тензии. Како никого да не го загрижуваат и засегаат. А сепак, не станува збор за безначајни работи. Ќе споменеме само два примера што покажуваат дека сме далеку од толку посакуваната и спомнувана Европа.
Комитетот за заштита на природното и културно наследство деновиве упати писмено известување до МВР, поточно до полициската станица во Прилеп, потпишано од инженерот геолог Васја Дамески, да спречи уништување на познатото наоѓалиште на минералот македонит во Црн Камен во Прилепско. Во писмото се потенцира дека се вршат подготовки за масовни минирања на сиенитите во близината на селото Алинци, кај Црн Камен, за потребите на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Според наведеното во писменото известување, на локалитетот веќе копаат машините на „Бехтел и Енка“, со што му прават огромна штета на македонското минерално богатство.

„Веќе е направено едно минирање, а во моментов поголем број тешки машини и друга технологија се ангажирани на локацијата и изведуваат ископи, дури и прекуноќ. Ако не се реагира итно, ова познато наоѓалиште на минерали ќе биде уништено, а веќе се направени сериозни оштетувања и се врши континуирано девастирање на теренот“, пишува Дамески, кој потсетува дека наоѓалиштето Црн Камен претставува геолошки музеј на отворено небо. Ова наоѓалиште е познато по тоа што тука е откриен нов минерал што го носи името на нашата земја – македонит. Затоа ова наоѓалиште е значајно не само од геолошки туку и од економски аспект, бидејќи содржи уникатни и високовреднувани минерали. Наоѓалиштето е добропознато во научните кругови, изработени се многу научни трудови и често е посетувано од геолози од земјата и странство, посочува Дамески.

Значи, стигна првата „патарина“ од автопатот што од првиот ден кога беше најавен предизвика низа контроверзии и контрааргументи, но секогаш имаше груби аргументи, кои се покажаа како посилни. Дозволата за непречено копање и експлоатација на линијата на замислената траса од самиот почеток бодеше очи кај експертската јавност, но сите нивни аргументи паднаа во вода пред најавата за патот што нѐ носи во блескавата европска иднина.
Вториот случај, кој исто така минува речиси безгласно, се провлекува дваесетина дена, колку што загрижените жители на општината Чашка се на протест поради, како што велат, насилно отворена албанска паралелка. Имено, родителите што речиси целиот овој период протестираат и бараат оставка на директорката на ОУ „Тодор Јанев“ во општината Чашка го обвинуваат министерот за образование Јетон Шаќири, но и директорката на училиштето, затоа што дала зелено светло за да се формира оваа паралелка за само шест ученици. Според родителите, тоа е неприфатливо и незаконски, бидејќи станува збор за училиште во населено место со Македонци, а во кое според личната карта на родителите нема регистрирано ниту еден жител на албански мајчин јазик.

Реагираат и вработените, кои откриваат дека поради новата паралелка на ученици од албанска националност се затворени просториите во училиштето што досега служеле како интернат за дечињата од соседните села.
Сличен протест имаше неодамна и во Скопско, во селото Јурумлери, каде што министерот бараше решение за сместување на 13 ученици што би учеле на албански јазик, иако родителите укажуваа дека училиштето нема капацитет за такво нешто.
И тука проблемот не е што децата треба да учат, впрочем тоа е и нивно законско право, но наметнувањето насила нови паралелки таму каде што нема место, а уште повеќе ако поради тоа се затвора интернат за многу поголем број дечиња од соседните села, кои поради тоа ќе бидат принудени секој ден да пешачат или да се снаоѓаат за превоз, што не е толку едноставно решение во конкретниот случај. Но сето тоа не е доволен аргумент да се најде соодветно решение, туку се натура нешто што само предизвикува дополнителни тензии, а тоа е нешто што најмалку ни треба.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...