Дневен хороскоп за петок, 8-ми декември 2023-та


ОВЕН
Ќе ги задржите за себе чувствата кои ве возбудуваат и ќе продолжите кон спроведување на заедничка задача, подготвени и сигурни во себе. Ги прифаќате грешките на другите, но не се обврзуваjте со нивните обврски. Вашите добронамерни мисли и постапки ќе ви помогнат лесно да ги постигнете целите.

БИК
Поволното спојување на околностите ќе ве направи победници во некоја ситуација. Учествувајте директно во интересни настани и вашата самодоверба ќе се зголеми. Правејќи им добро на другите, вие всушност работите за себеси, но тоа ќе го дознаете подоцна. Вечерта ќе пречекате гости или вие ќе бидете гостин некому.

БЛИЗНАЦИ
Расположението ќе ви биде пријателско и ќе ви овозможи целосна комуникација. Ќе продолжите кон вашиот следен предизвик поврзан со вашата професионална реализација. Вечерта ќе дозволите емоциите да ве одведат во поромантичен амбиент. Опуштете се, потребна ви е разновидност.

РАК
Каде и да се појавите денеска, вашите пројавувања сигурно ќе бидат запаметени. Имате многу енергија да преземете и да го завршите сето она што ќе си го поставите. Не дозволувајте случајните работи да ги попречат вашите намери и не дозволувајте вашата прекумерна емотивност да ги попречи вашите односи со саканите. Роднините ќе ја одобрат вашата долгогодишна намера.

ЛАВ
Не правете ништо непотребно денеска, бидејќи сепак ви треба одмор или барем успорување на темпото. Ќе ви биде претставена примамлива понуда на која не можете да ѝ одолеете. Сепак, обидете се да го комбинирате корисното со пријатното. Сфатете ги сериозно возбудите кај оние што ве опкружуваат и потрудете се да им бидете од полза. Вашата смеа е заразна.

ДЕВИЦА
Неочекувана промоција на повисока позиција ќе ви го подигне тонусот. Немате здравствени проблеми, добро е да престанете да размислувате за болести. Блиска шармантна личност ќе ве исполни со расположение и оптимизам. Добар ден за запознавање.

ВАГА
Ако го побарате патот, ќе го најдеш, без разлика на каде води. Доколку влезете во сојуз со љубовта, ќе развиете нови квалитети и ќе станете подобри. Тоа е сигурно, работете и на вашиот духовен развој, нема да ви недостига поддршка. Во бизнисот можни се изненадувања од вашите конкуренти.

ШКОРПИЈА
Доколку работите ги правите на таков начин што ќе ви причинуваат задоволство, не грижете се за вашето денес и утре. Насочете ја вашата енергија за да ја поддржите сопствената благосостојба, притоа секако незапоставувајќи ги другите. Бидете разумни, но со добро срце.

СТРЕЛЕЦ
Многумина од вас се наоѓаат во прилично тешка ситуација кога донесувањето одлука никако не е лесно. Важно во овој случај е да не брзате. Бидете трпеливи и наскоро ќе го дознаете најдобриот начин на дејствување. Работите самите ќе се средат, а вашата евентуална претерана иницијатива може само да ја влоши ситуацијата.

ЈАРЕЦ
Неразјаснетите прашања попречуваат во вашата работа, како и во комуникацијата со колегите. Внесете повеќе јасност и не дозволувајте случајноста да го диктира вашето однесување. И работата и вие ќе имате поголем полза доколку ги третирате партнерите со доверба. Вестите од далеку ќе ве израдуваат.

ВОДОЛИЈА
Имајте верба во своите вештини и не плашете се од тешкотии, ќе надминете сѐ му се заканува на вашиот успех. Тоа е сигурно. За некои денот е поврзан со запознавање со некоја нова активност, која по извесно време може да се претвори во главна. Поважно е да се чувствувате добро, привлекувајќи на своја страна луѓе со авторитет и финансиски можности.

РИБИ
Успевате да го направите разбовиден денот, дури и на неконвенционален начин. Мала промена во плановите, всушност, нема многу да ви наштети, дури напротив. Тоа ќе ви отвори незамисливи хоризонти и перспективи. Луѓето околу вас им се восхитуваат на вашата активност и способност да преземете одговорност.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи,...