Тирана блесна во новогодишен сјај


Тирана и официјално влезе во најубавиот период од годината, откако традиционално, на плоштадот „Скендербег“ беше осветлена голема новогодишна елка, а поставени се и светилки во разни облици.

Градоначалникот Ерион Велиај, опкружен со многу дечиња облечени како Дедо Мраз и пеејќи празнични песни ги запали светилките на големата новогодишна елка.

– Ве поканувам сите да го запалите доброто светло во себе, да правите добри дела за семејството и државата. Многу важно е сите да бидеме посолидарни, со љубов меѓусебно да си помагаме, особено овој месец на празници. Важно е овие празници да покажеме бескрајна љубов и да продолжиме со убава мисла и во новата година, порача тој.

Побара од граѓаните на Тирана да поканат што повеќе нивни роднини и пријатели, кои се во или надвор од државата, но и до странците, да ги поминат празниците во главниот град.

 

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати

Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти...

„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето...

За оваа изненадувачка придобивка од водата за пиење ретко се зборува

131 Знаеме дека не можете да живеете без вода. Тоа...