Македонија играше храбро и машки, но на крјаот остана со празни раце!

Машката кадетска репрезентација на Македонија на стартот на Светското првенство во Хрватска доживеа пораз од Норвешка со два гола разлика, 27:25. Кадетите на Македонија можеа да се изборат барем за реми, но нивните посискусни врсници од Норвешка не дозовлија поделба на бодовите.

Скандинавската селекција ги искористи грешките на „црвено-жолтите“ во воведниот дел и имаше предност од 2:0 во воведните пет минути. Македонија првиот гол го постигна преку Андреј Стојановски, кој намали на 2:1. Ниту Норвешка не играше најдобро, но македонската репрезентација никако не можеше да најде дупка во одбрамбената зона  6-0 на норвежаните.

За десет минути игра во таборот на Македонија имаше две исклучувања, додека кај Норвешка ниту едно. Андреј Стојановски најпрво со својот втор гол го прекина кризниот период на Македонија, намали на 3:2, потоа следуваше голот на средниот бек Калајџиевски за 3:3. Откако Македонија направи камбек, репрезентацијата на Норвешка реализираше два брзи гола и успеа да се одлепи на 5:3.

Ривалот на Македонија од 20-та минута, па до 28-та  минута имаше константна предност од три гола разлика, во еден момент имаше плус четири, 9:5. Избраниците на Раде Стојановиќ пред паузата им се заканија на норвежаните, постигнаа три гола во низа и дојдоа до гол негатива, 10:9. По 30 минути игра, резултатот беше 11:9 во корист за Норвешка.

На почетокот на вториот дел следуваше фуриозен старт на Норвешка, која за неколку минути дојде до плус шест гола разлика, 16:10. Сепак, Македонија не се откажуваше, се разигра организаторот на играта Калајџиевски и со неговите голови се стопи предноста на Норвешка, па така резултатот во 37-та минута беше 16:14.

Во желбата да направат камбек, избраниците на Стојановиќ се почесто правеа грешки. Норвешка во 45-минута повторно дојде на пет разлика, поведе со 21:16, но во последните десет минути немаше голема комоција во играта. Во 52-та минута црвен картон заработи селекторот на Македонија, Раде Стојановиќ.

Македонските кадети иако има четири гола негатива пред финишот, губеа со 24:20, во последните минути се вратија во игра и намалија на 25:24. Во последната минута беше постигнат гол на Норвешка за 26:24, по што немаше доволно време за сензација на македонската репрезентација.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...