Македонија на 19-ти Конгрес на Меѓународниот Архивски Совет во Абу Даби

“Оној кој не го познава своето минато, не може да биде успешен во сегашноста и во иднината! Сите треба да учиме од минатото”. Со овие зборови, на починатиот шеик, Зајед бин Султан Ал Нахјан, таткото на Обединетите Арапски Емирати, се отвори 19-от Конгрес на Меѓународниот архивски совет, кој се одржува од 9-ти до 13-ти октомври во Абу Даби.

Конгресот со мото “Enriching Knowledge Societies” (Збогатување на општествата со знаење), има пет теми:

1.Мир и толеранција; 2. Технологии во подем; 3. Одржливо знаење – одржлива планета: Архиви, документи и климатските промени; 4. Доверба и докази и 5. Достапност и сеќавања.

На Конгресот, што се одржува на четири години, учествуваат околу 5.000 архивски експерти од 135 држави, меѓу кои и од Северна Македонија, која е полноправна земја-членка на оваа најмасовна и најзначајна светска архивска организација, која постои од 1948 година. Во рамките на Конгресот се одржуваат и работилници на кои, исто така, се разменуваат искуства и идеи за севкупно подобрување на професионалното архивско работење.

На отворањето на Конгресот зборуваа и поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд и претседателката на Меѓународниот архивски совет и директорка на Националниот архив на Луксембург, Жозе Кирпс, кои акцентот го ставија врз суштината на Архивите, врз значењето на историските документи за нашата иднина и влијанието на климатските промени врз нив. Поточно, за одржливоста на Архивите и на нашата планета Земја.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Јовиќ: Техничките грешки си го направија своето

Екипата на Пролет на гостувањето кај Охрид доживеа...

Чаир во турбо ритам – во пет дена забележа три победи!

Ракометарките на Чаир забележаа трета победа во пет...

Келце поднесе жалба до ЕХФ за арбитражата со европскиот првак

Полскиот гигант Келце, кој вчера загуби на пенали...