Чаир во турбо ритам – во пет дена забележа три победи!

Ракометарките на Чаир забележаа трета победа во пет дена, откако славеа на домашен терен против Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 44-19 во натпревар од 23 коло во Женската лига.

Сега избраничките на Басри Љатифи остануваат во трка по втората позиција на табелата и на три кола до крајот имаат 58 бодови, но и меч повеќе од директниот конкурент Металург Автокоманда кој има исто толку.

Победникот против гостите од Свети Николе беше решен уште по првиот дел, кога избраничките на Басри Љатифи имаа водство со 23-9. На стартот поведоа со 5-1, па 10-4, 13-5 и веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крај.

Во второто полувреме шансата за настап ја искористија сите ракометарки од клупите на двата тима, но резултатски тоа немаше никакво влијание и Чаир до крајот константно ја зголемуваше разликата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Рона Мифтари со седум и Бојана Диневска со шест погодоци, додека кај Овче Поле СУ се истакнаа Нина Крстева и Јована Ангеловска со по четири гола.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ