Јовиќ: Техничките грешки си го направија своето

Екипата на Пролет на гостувањето кај Охрид доживеа пораз од 29:22 во рамките од 12. коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Избраниците на Јовиќ иако на периоди покажуваа квалитет, сепак, поголемото искуство на домаќинот пресуди за победата од седум гола разлика.

Тренерот Александар Јовиќ истакна дека техничките грешки на неговиот тим си го направиле своето,

,,Им честитам на ракометарите на Охрид, мислам дека публиката можеше да ужива на моменти од наша страна и квалитетна игра, а домаќинот играше константно добро во текот на сите 60 минути. Нашите технички грешки, кои ги имаше над 10, беа клучот за поразот од седум гола разлика и тоа мора во иднина да го поправиме доколку сакаме да победиме квалитетна екипа како Охрид. Јас од месец ноември сум со екипата, имавме добри партии, можеби бодовно не сме на завидно ниво, но имавме добри натпревари со поквалитетни екипи од нас и со некое засилување би биле далеку подобри за следна сезона, изјави Јовиќ.

Пролет во последните две кола ќе игра против Тиквеш и последнопалсираниот тим од плеј-офот – Струга.

Охрид слави излез во Европа!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

КУП 2024: Недановски посакува добра игра во одбрана, и се ќе биде полесно

Сезонава Вардар трипати играше против актуелниот вицепрвак, и...

Нов предизвик за Македонецот: Бојан Маџовски се сели во Партизан

Македонското лево крило Бојан Маџовски се наоѓа пред...

КУП 2024: Латифи – Вардар го знаеме многу добро, ќе пресудува одбраната

Тимот на Чаир по паузата од една сезона...