Мартин Скорсезе ја доби почесната Златна мечка за животно дело на Берлиналето



Американскиот режисер Мартин Скорсезе ја доби почесната Златна мечка за животно дело на овогодинешното Берлинале во вторникот вечерта.

„Филмовите на Мартин Скорсезе живеат со публиката, неговите филмски ликови живееја и сраснаа со нас. Неговиот поглед на историјата и луѓето ни помогна да сфатиме, но и да се запрашаме кои сме и од каде доаѓаме”, изјави водителската двојка на Берлиналето, Мариет Рисенбек и Карло Чатријан на доделувањето на почесната Златна мечка на Скорсезе.

Рисенбек и Чатријан го оценија последниот филм на Скорсезе „Убијци на цветната месечина“ како едно од најголемите достигнувања на режисерот.

„За нас е голема чест уште еднаш да го поздравиме еден голем пријател на фестивалот на Берлинале и да му ја врачиме нашата најважна награда“, порачаа водителите на Берлинале.

По доделувањето на наградата беше прикажан филмот на Скорсезе „Departed“ од 2006 година.

Пред наградата, 82-годишниот Скорсезе на прес-конференција изрази оптимизам за иднината на филмот.

„Не мислам дека филмот умира, тој само се менува“, рече Скорсезе.

Додаде дека режисерите не треба да бидат робови на технологијата, туку треба да ја насочат во корист на нивната креативност.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Куп трофејот ќе има нов сопственик, Ѓорче Петров го елиминира Куманово!

Ракометарките на Ѓорче Петров обезбедија пласман во финалето...

Голужа фаворит за нов селектор на Црна Гора, во игра сѐ и Кастратовиќ, Ѓурковиќ…

Ракометната федерација на Црна Гора е во потрага...

Russia’s New Defense Minister Faces Thankless Economic Task

Andrei Belousov’s sudden elevation to defense minister has thrust...