Матичните клетки се чувар на здравјето на целото семејство


Д-р Трајчевски, криопрезервацијата на матични клетки е нешто за кое сѐ повеќе се зборува во светот, а преку компанијата Биостем-Биохеленика е достапна и во нашата земја. Дали ова е јасен показател дека сме во чекор со светот и современата медицина? Како започна оваа приказна за Вас?

Како специјализант по Гинекологија и Акушерство сметам дека секоја индивидуа, особено родител, треба да знае повеќе за овој дел од медицината и бенефитот и бројните придобивки којшто истиот го нуди.

Сосема случајно, во 2014 година имав особена чест и прилика да ги запознаам сопствениците на Биохеленика, тие се универзитетски професори кои во еден краток разговор ме поттикнаа да размислам колку голем би бил предизвикот да работам во Банка која што овозможува криопрезервација на матични клетки.

Потоа, познавајќи се себе и сопствениот темперамент, почнав да истражувам и бев восхитен од реномето и условите на функционирање кои ги нуди самата компанија. Не се двоумев, веднаш знаев дека сакам да бидам дел од Биохеленика и да допринесам во развојот на ова поле во медицината.

Споменавте дека зачувувањето на матичните клетки е тема за која секоја родител треба да знае. Според Вас кој е најголемиот бенефит од криопрезервирањето на матичните клекти?

Матичните клетки се сѐ уште поле на истражување. Секојдневно се откриваат нови можности за нивна употреба. Најголема експанзија моментално имаат во полето на регенеративната медицина.

Знаејќи дека секој родител го сака најдоброто за своето дете, матичните клетки претставуаат „најмудар“ подарок од родителот, кој стои како чувар на здравјето на целото семејство.

Сигурно многу идни мајки се прашуваат дали процесот на колектирање на матични клетки е болен и безбеден. Дали може да ни објасните нешто повеќе околку овој процес?

Во текот на мојата специјализација по Гинекологија и Акушерство, имав доволно прилики директно да асистирам при колектирањето на потребниот материјал за изолирање на матичните клетки и можам да потврдам дека станува збор за комплетно безболна и безбедна процедура, која не трае повеќе од 3 минути – независно дали породувањето се одвива по природен пат или пак со царски рез. Нема никакви реперкусии врз мајката и новороденчето.

Кажете ни нешто повеќе за Биостем Биохеленика и какви сѐ услуги нуди оваа лабораторија (банка)?

Биохеленика е основана во 2006 година во Солун, Р.Грција и набрзо по своето основање се проширува во регионот и Европа.

Биостем-Биохеленика нуди најразлични пакети за криопрезервација на матични клетки од папочна врвка, масно ткиво и од заби, како и пренатален тест за детекција на генетски нарушувања.

Покрај можноста за изолирање на хематопоетски и мезенхимални клетки од крвта и ткивото од папочната врвка, оваа Банка е единствена во регионот и една од ретките банки која што овозможува да се издвојат и дополнителен број на хематопоетски клетки користејќи ја технологијата на обработка на крвта од плацентата, и најновата и најсовремена технологија за изолирање на VSELs (клетки слични на ембрионалните).

Според вас, која е главната цел на истражувањата поврзани со матични клетки и нивното зачувување? Што би значело тоа за персонализираната медицина во иднината?

Персонализираната медицина посочува дека секој пациент е единствен.

Вообичаено на сите пациенти кои се дијагностицирани со иста клиничка дијагноза, им се препишува или применува истот клинички лек/третман, но не делува исто на сите пациенти.
Затоа денес, кога ја знаеме нивната моќ за регенерација и трансформација во секое ткиво од човечкиот организам, матичните клетки се водилка во поставување на темелите на персонализирата медицина.

* Интервјуто е објавено во соработка со Биостем Биохеленика

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Europa se konačno budi iz zimskog sna, Amerika joj okreće leđa. Je li prekasno?

POSLJEDNJE izjave mogućeg novog američkog...

Može li se Europa obraniti ako joj Amerikanci okrenu leđa?

POSLJEDNJE izjave mogućeg novog američkog...

„Потребна е национална стратегија за дамите“

Како и целокупниот женски спорт во државата, така...