МВР со апел: Има лажни покани во врска со наводна тековна истрага- НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

-Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.

Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност, велат од МВР.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Договорите (сепак) се раскинуваат госпоѓо Агелер – Denesen.mk

Страшо АНГЕЛОВСКИ (Наместо честитка за 4-ти Јули) Почитувана госпоѓо Агелер, почекав...

Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев

Заедниците на Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на...

Тошковски ветува дека камерите низ улиците за брзо ќе проработат

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека системот...

Цел на претходната власт била целосно разорување на државата

„Ова е 10-ти ден од формирање на Владата каде...