Неочекувани проблеми: Наместо утринава, ракометарите ќе се вратат во Скопје попладне

По убедливиот пораз од селекцијата на Фарски Острови, уште еден проблем имаше македонската репрезентација во Торшавн.

Иако беше планирано веднаш по мечот, македонската експедиција да тргне за Скопје и да слета околу 05 часот утринава, сепак тоа не се случи.

Поради густата магла на Фарски Острови, летот беше одложен за денеска во 10:00 часот, а попатната станица наместо Хамбург, овојпат ќе биде градот Ерфурт во Германија.

Во Скопје, македонската експедиција би требало да пристигне некаде околу 16:00 часот.

Реваншот меѓу Македонија и Фарски Острови ќе се игра на 12 мај во СЦ „Борис Трајковски“ од 19:00 часот, а избраниците на Кире Лазаров ќе имаат тешка задача да надополнат негатива од седум погодоци.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Стефаноски погоди 17 пати, Кичево одработи рутински против Борец

Ракометарите на Кичево одработија рутински против Борец и...

Металург Автокоманда се засили со младинска репрезентативка

Металург Автокоманда во следната натпреварувачка сезона ќе влезе...