НЕВЕРОЈАТНО: Постигна 17 гола против Шведска и ги одведе Фарски Острови во главната рунда!

Денес на Светското кадетско првенство во Хрватска беше комплетирано третото коло во групната фаза, по што се познати сите патници во следниот круг.

Најголемо изненадување приреди репрезентацијата на Фарски Острови, која во последниот дуел ја надигра Шведска со 34:31 и обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 репрезентации на кадетскиот Мундијал.

Неверојатна партија во дуелот против Шведска имаше средниот бек Оли Митун, кој постигна неверојатни 17 погодоци. Митун на Европското кадетско првенство минатата година беше најдобар стрелец со 80 погодоци, кои беа постигнати на седум натпревари.

Шведска со поразот од Фарски Острови извиси од пласман во главната рунда, бидејќи остана на 3. позиција со три освоени бодови. Освен Фарски Острови, од групата Х, пласман во топ 16 обезбеди и репрезентацијата на Иран.

Како што е познато, во главната рунда ќе настапува и репрезентацијата на Македонија. Избраниците на Раде Стојановиќ во последниот натпревар од групната фаза ја совладаа Грузија со 27:21.

Во битката за четвртфинале ќе се борат и репрезентациите на Хрватска, Португалија, Унгарија, Словенија, Египет, Чешка, Шпанија, Бразил, Данска, Австрија, Норвешка, Германија, Саудиска Арабија и Иран.

Светско кадетско првенство, 3. коло, резултати:

Група А

РУАНДА – АЛЖИР 27:33 (13:18)

ПОРТУГАЛИЈА – ХРВАТСКА 27:38 (12:19)

Група Б

МАРОКО – НОВ ЗЕЛАНД 43:18 (21:7)

УНГАРИЈА – СЛОВЕНИЈА 29:25 (14:14)

Група Ц

ЈАПОНИЈА – ЧЕШКА 26:30 (15:13)

ЕГИПЕТ – ИСЛАНД 33:30 (14:15)

Група Д

БРАЗИЛ – БАХРЕИН 28:22 (14:13)

ШПАНИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА 38:22 (17:12)

Група Е

ЧИЛЕ – МЕКСИКО 30:28 (19:12)

ДАНСКА – АВСТРИЈА 43:28 (21:15)

Група Ф

МАКЕДОНИЈА – ГРУЗИЈА 27:21 (13:10)

НОРВЕШКА – ЦРНА ГОРА 41:22 (22:10)

Група Г

САУДИСКА АРАБИЈА – САД 43:14 (22:7)

ГЕРМАНИЈА – АРГЕНТИНА 27:16 (13:5)

Група Х

ИРАН – БУРУНДИ 46:24 (23:13)

ШВЕДСКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 31:34 (14:14)

Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...