Невролог предупреди за симптомите на прекумерното користење на социјалните мрежи

Неврологот Рејчел Самерс редовно споделува совети и трикови за подобрување на менталното здравје на TikTok. Таа неодамна откри дека не треба да поминуваме повеќе од 30 минути дневно на социјалните мрежи.

„Прекумерната употреба на Instagram, TikTok и X може да биде виновник за депресија и анксиозност“, рече таа.

Во видеото таа зборува за студија која покажала дека трошењето до 30 минути дневно на социјалните мрежи го намалува ризикот од осаменост, депресија и анксиозност.

„Ако спиете лошо или страдате од мозочна магла, најверојатно поминувате премногу време на социјалните мрежи. Други симптоми на прекумерна употреба на социјалните мрежи вклучуваат анксиозност, депресија, осаменост, стрес, насолзени очи и главоболки“, истакна таа.

„Ако имате некој од овие симптоми, намалете ја употребата на социјалните мрежи за 20 проценти“, советува Самерс.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Костов: Техничките грешки беа пресудни за поразот од Прилеп

Ракометарите на Куманово во рамки од 12. коло...

Радовиш со важна победа во битката за суперлигашки бараж

Ракометарите на Радовиш на свој терен успеаја да...