Костов: Техничките грешки беа пресудни за поразот од Прилеп

Ракометарите на Куманово во рамки од 12. коло од суперлигашкиот плеј-аут на гостувањето во Прилеп кај истоимената екипа беа поразени со 27:24.

Иако Куманово доживеа пораз, сепак, останува во игра за директен опстанок во суперлигашката конкуренција.

Еден од подобрите поединци во составот на Куманово беше десното крило Наум Костов, кој за 24Ракомет го коментираше поразот од прилепчани.

,,Бевме многу блиску, на почеток дури и водевме, натпреварот го одигравме перфектно во одбрана, на крајот одлучија некои наши технички грешки во нападот, посебно 6 на 5, како и неколку промашени зицери. Овој натпревар е завршен, сега имаме многу време да се подготвиме за последниот натпревар со Мулти Есенс, имаме цели три недели, целиот напор ќе го вложиме за тој натпревар и да осигураме директен опстанок во Супер лига. Со евентуална победа над дебитантот, ќе бидеме први или втори на табелата”, изјави Костов.

Куманово во 13. коло е слободен, додека во 14. коло ќе гостува кја Мулти Есенс.

 

Шабановиќ: Сега полесно се дише, останува да дадеме 100% и на последните два меча!

 

Прилеп обезбеди најмалку бараж – Куманово падна под Марковите Кули



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Металург Автокоманда „краде“ две ѕвезди на Вардар!

Тимот на Металург Автокоманда ќе има уште поголеми...

Барса „доби“ засилување за Келн

Шпанскиот шампион Барселона „доби“ засилување за завршниот турнир...

Бисинов го задржа „мозокот“ на тимот – Илиев останува уште една сезона

Откако се врати во родниот град, Велес како...

Стојановиќ презема клуб од Словенија!

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ,...