Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во македонскиот суперлигаш играше во вториот дел од изминатата сезона, кариерата ќе ја продолжи во БиХ.

Поранешниот младински репрезентативец на Србија по завршувањето на сезоната одлучи да ја прифати понудата на амбициозниот клуб од БиХ, Горажде.

Благојевиќ во македонскиот суперлигаш го имаше вториот интернационален предизвик и даде свој придонес во обезбедениот опстанок на Куманово во Супер лигата.

Горажде во изминатата сезона немаше забележителни резултати во босанскиот шампионат, заврши на 11. позиција, но успеа да го сочува суперлигашкиот статус.

Во Горажде настапуваат и Елмир Граџан и Богдан Николиќ, а од ова лето дресот на клубот ќе го носи и Харис Плех, кој исто така има настапувано во најсилното македонско натпреварување.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ