Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи, тимот на Вардар започна да се активира на домашниот пазар.

Поранешниот шампион на Македонија денеска го објави првото засилување за новата натпреварувачка сезона.

Станува збор за десниот бек Јасмина Попова, која во својата кариера има настапувано во редовите на „црвено-црните“.

22-годишната ракометарка откако го напушти Вардар го носеше дресот уште на три скопски клубови, последниот ангажман го имаше во вицепрвакот Чаир.

Со тимот на Чаир во изминатата сезона го освои второто место во националниот шампионат, како и среброто во Куп натпреварувањето на Македонија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ