ОХРИД 2024: Ракометниот крем од регионот на турнирот „Крсте Андоновски“

ОХРИД 2024: Ракометниот крем од регионот на турнирот „Крсте Андоновски“

Ракометниот клуб Охрид во соработка со Општина Охрид ова лето ќе го организира третото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во чест на човекот што остави голема трага во македонскиот ракомет.

Покрај домаќинот Охрид, од Македонија претставници ќе бидат двократниот европски првак Вардар и тимот на Алкалоид.

Останатите пет екипи се од странство, бидејќи охридското крајбрежје стана популарно за последните подготовки на екипите пред стартот на сезоната.

Доаѓа ланскиот финалист Олимпијакос, амбициозните српски тимови Партизан и Динамо Панчево, како и шампионот на Црна Гора – Ловќен. Словенечкиот Целје, европскиот шампион од 2004 година, исто така ќе биде меѓу учесниците на третото издание на меморијалниот турнир.

Нема сомнеж дека охридските и македонските љубители на ракометот, ќе можат да уживаат во интересни натпревари кон крајот на летото во Охрид, кој повторно ќе биде центар на ракометот од 20 до 24 август.

Деталите околу групите и распоредот на натпреварите ќе бидат познати во следниот период.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ