Oдложено дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер – еве го новиот датум!

Дербито од првото коло во суперлигашката конкуренција меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е одложено.

Поради натпреварот од Суперкупот, меѓу двете најдобри македонски екипи што ќе се одигра на 6 септември, мечот што требаше да се игра на 8/9 септември, доби нов термин.

Тој ќе се одигра на 17 септември во СЦ „Јане Сандански“, па во рок од десетина дена љубителите на ракометот ќе уживаат во најдоброто од Суперлигата.

Двата клуба се договорија за оваа промена, а Ракометната федерација на Македонија го потврди новиот термин.

Ова е натпревар од првото коло во Суперлигата, а дуелите на Вардар и Еурофарм Пелистер исто така ќе бидат поместени.

Битолчани во меѓувреме ќе стартуваат со натпреварите и во Лигата на шампионите. На 13 септември во „Боро Чурлевски“ ќе гостува норвешкиот првак Колстад.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ