Охрид 2023: Бутел „газеше“ едно полувреме, па дозволи потоп од Татран

Последниот натпревар од групната фаза на турнирот „Крсте Андоновски“ за Бутел значеше нов пораз откако по Еурофарм Пелистер беше совладан и од екипата на Татран од Прешов со 32-25 (16-16). Натпреварот го одлучи финишот на првиот и средната на вториот дел. Во првиот дел Татран се врати од негатива од шест голови, а во средината на второто успеа да го скрши отпорот на скопскиот суперлигаш и да го одведе натпреварот во своја полза.

Гостите од Прешов со два прецизни удари го отворија овој натпревар, во наредните осум минути се играше гол за гол, а од 11 минута Бутел ги презема конците во свои раце. Со низа од шест погодоци во само пет минути дојдоа до висока предност од „плус шест“ за 11-6, на средина на првиот дел. Разликата порасна за еден гол во 19.минута (13-7), но во финишот на полувремето Прешов имаше доволно сили да намали пет гола од високата предност и да ја врати неизвесноста на овој дуел. Точно на почетокот на 30.минута Митал го израмни резултатот на 16-16.

На почетокот на вториот дел Татран ја врати минималната предност од почетокот на дуелот, а разликата се задржа до средината на вториот дел. Во 42 минута гостите од Словачка успеаа да врзат неколку погодоци во низа и ги искористи промашувањата на Бутел (од пенал линијата) за да дојде до највисока предност од 21-19 во 44.минута.

Како натпреварот се доближуваше кон финишот, падна темпото, особено кај ракометарите на Бутел. Затоа разликата продолжи да се зголемува до највисоки 28-21, во 55.минута. Кога беа познати победниците на овој дуел, во мирна завршница се чекаше само финалниот резултат кој гласеше 32-25.

Татран Прешов ќе го чека резултатот од натпреварот меѓу Металопластика и Еурофарм Пелистер за потврда на местото во дуелот за бронза, исто како и Бутел кој ќе чека дали ќе го избегне последното место во групата Б.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

24 СЕДМЕРЕЦ: Модифицирано | 24 РАКОМЕТ

Ваучерот од 2024 ќе го нема...

Енрике вели повредата на Мбапе не е многу сериозна, но болката му отежна да игра

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, проговори за повредата...

Бајден предупредува дека „милиони ќе гладуваат“ ако „се затвори“ владата на САД

Американскиот претседател Џо Бајден и еден од неговите главни...

Почина славниот Дејвид Меккалум – METRO.mk

Шкотско-американскиот глумец Дејвид Меккалум, можеби најпознат по улогите на...