ОХРИД 2023: Храбриот Голден Арт парираше цел меч, но на крајот загуби од финалистот Олимпијакос

Ракометарите на Голден Арт загубија од Олимпијакос со 28-26 во третото коло од групната фаза на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Иако македонскиот тим беше во егал со финалистот скоро цел натпревар, имаше и предност во повеќе наврати, на крајот не успеа да обезбеди барем бод. Голден Арт ќе игра утре за седмото место против четвртопласираниот тим од втората група.

Во првите петнаесетина минути се играше гол за гол, до 8-8, иако македонскиот претставник имаше контрола на резултатот. Следуваше еден пад во играта на Голден Арт, тоа го искористи грчкиот тим.

Поведоа гостите со 11-8, а Голден Арт по неколку интервенции на Даскаловски намали на минус еден. Сепак до крајот на полувремето Олимпијакос си ја врати највисоката разлика и замина на одмор со плус три, 14-11.

Голден Арт врза два гола во серија за 14-13 преку Милошески, а во следните десетина минути успеа да направи и комплетен пресврт, па со погодокот на Јанковски успеа да поведе со 19-18.

Следуваа серија промашувања на избраниците на Глигоров, па Олимпијакос ја презема контрола и водството со 21-19. Ончев влезе во игра и погоди два пати по ред и израмни на 21-21.

Во последните пет минути грчкиот тим влезе со плус пет, 26-25, Шилегов имаше прилика за реми, но не искористи. Сепак Дрпљанин донесе нерешено, 26-26 и драматична завршница. Искусниот Олимпијакос сепак погоди во последната минута, македонскиот тим не успеа да организира добар напад и на крајот прими гол во последните секунди за 28-26.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...