Преминот на Гедбан во Еурофарм Пелистер – во ТОП 10 трансфери во ЛШ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер по пауза од неколку сезони повторно ќе заигра во Лигата на шампионите. Битолчани по освојувањето на домашната титула во минатата сезона заработија директен пласман во елитата.

Еурофарм Пелистер во трансфер периодот беше активен и во своите редови донесе неколку познати имиња. Еден од нив е голманот на репрезентацијата на Алжир, Калифа Гедбан, кој со екипата на Вардар во сезона 2018/19 освои титула во Лигата на шампионите

Трансферот на искусниот голман од Динамо Букурешт во Еурофарм Пелистер се најде меѓу десетте најдобри трансфери за оваа сезона во елитното натпреварување.

Европската ракометна федерациа (ЕХФ), која ги објави најдобрите трансфери во текот на летниот трансфер период за ЛШ, истакна дека доаѓањето на Калифа Гедбан во Еурофарм Пелистер е полн погодок.

,,Алжирскиот голман му помогна на Вардар да ја освои втората титула во Лигата на шампионите во 2019 година со некои одлични одбрани во последните минути на натпреварот. Потоа, тој направи трансфер во Адемар Леон, а потоа се пресели во Динамо Букурешт каде повторно докажа дека е на ниво во Лигата на шампионите. Сега, тој ќе се обиде да му помогне на Еурофарм Пелистер во кам-бекот во елитата”, истакнаа од ЕХФ.

Меѓу десетте најдобри трансфери се наоѓаат уште Хасан Када (Замалек – Келце), Винсен Жерар (Сент Рафаел – Кил), Александар Блонц (ПИК Сегед – ГОГ), Феликс Клар (Алборг – Магдебург), Јакоб Холм (Фуксе Берлин – ПСЖ), Миха Зарабец (Кил – Висла Плоцк), Никлас Ландин (Кил – Алборг), Сандер Сагосен (Кил – Колстад) и Лудовик Фабрегас (Барселона – Веспрем).



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...

Мешков Брест ги задржа Андреев и Мацкевич

Белорускиот првак Мешков Брест одново ќе има конкурентен...