Паниќ од следното лето во дресот на Висла Плоцк

Босанскиот десен бек Марко Паниќ ќе ги напушти редовите на Монпелје и ќе се пресели во полскиот вицепрвак Висла Плоцк, но од следното лето.

Од таборот на клубот од Плоцк објавија дека е постигнат двегодишен договор со репрезентативецот на БиХ.

Договорот на Паниќ ќе стапи на сила од месец јули, 2024 година, и ќе биде со важност до јули, 2026 година.

Од Висла Плоцк информираа дека уште за претстојната сезона го посакувале Паниќ во своите редови, но Монпелје не се согласил 32-годишниот ракометар предвреме да си замине, дури и под услов на откупување на неговиот договор.

Паниќ во Монпелје настапува од сезона 2021/22, но не се прослави многу во францускиот тим. Претходно беше дел од Мешков Брест, Азоти, Шамбери и Борац Бања Лука.

Тренерот на Висла Плоцк, Чави Пасквал, во новата сезона на позицијата десен беќ ќе го има на рапсолагање само Чехот Томаш Пирох, откако беа раскинати договорите со Давид Фернандез и Урош Митровиќ.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Миленковска ќе игра против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Полски клуб пред финансиски колапс!

Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во...