Парламентот го остави македонскиот автобус да чмае во лер

Македонските пратеници ќе се вратат на работа по истераниот викенд. Да, животот е немилосрден кон народни ибраници па мора и во понеделник да работата. Тешко нив, мора да работат за наше добро.

А тешко ли е на Македонија од нивната работа? Што сработија минатава недела?

Шест министерства чекаат да добијат нови министри и нивни заменици. Значи една третина од Владата е во „лер“, а пратениците не побрзаа тоа да го решат, само празно дискутираа и се расправаа или ги нема во салата и…

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, во петокот најави продолжение на седницата во понеделник, без образложение зошто не се работеше и за време на викендот. Зарем не треба Владата да уфрли во права па во втора брзина? Им се допаѓа македонскиот автобус да е паркиран на тротоар и да работи во лер?

Го нема главниот спикер, а и предлагачот на разрешувањата и именувањата, Димитар Ковачевски отиде на пат. Сега, па нели најважнбо е да се средат работите дома?

За потсетување, дебатата на пленарната седница за разрешувања е заглавена на првата точка, на која се дискутира за министерот за здравство Беким Сали. Опозицијата критикува – некогаш предолго, парламентарното мнозинство најчесто не е во салата, повеќе е по ходниците, некои на заслужен ручек…

И така, има некои од министерствата каде и министерот и заменикот се во оставки…

Ова е функционалноста која и е потребна на Македонија?

Опозицијата кочи, ќе рече власта. Добро, но што власта прави, сето ова да се откочи и дали всушност македонскиот автобус е ставен во лер токму од нив и нивните желби да прават реконструкции, а теренот не им е подготвен?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Во Унгарија задоволни од ждрепката: Можеше да биде и полошо…

Репрезентацијата на Унгарија е еден од ривалите на...

Moglo bi se dogoditi da Milanoviću pomogne odluka Ustavnog suda

ZORAN Milanović svojim je političkim...

Moglo bi se dogoditi da Milanoviću pomogne odluka Ustavnog suda

ZORAN Milanović svojim je političkim...

Вицепрвакот славеше против младиот тим на Струга

Тимот предводен од Кире Лазаров во натпревар од...