Маричиќ од скромност му нуди на ВМРО-ДПМНЕ разговор надвор од очите на јавноста?

Рекунструкцијата на владата малку го засени главниот хит на ДУИ и СДСМ – да се смени Уставот. Ама тука е вицепремиерот Бојан Маричиќ кој одново во стил на „диџеј“ одбра дека мора да се слуша хитот за уставните промени.

И нормално, тоа го накажа на радио. Имено во интервју за Македонското Радио Марчиќ рече дека време било да се започне разговорот со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав.

 Мислам дека е време и со ВМРО ДПМНЕ да разговараме дали јавно или вон очите на јавноста, сеедно, секако треба да почне разговорот, рече вицепремиерот.

Разговор вон очите на јавноста? Зошто, па нели работат за доброто на јавноста, а што има поубаво од тоа граѓаните да гледаат како Маричиќ работи за нивно добро? Зарем вицепремиерот е скромен и не сака да се фали (и премногу да се гледа) дека прави добрини на Македонија?

Сепак, не мора да се разјаснат овие дилеми, опозицијата веднаш го откачи вицепремиерот.

 Маричиќ нема мандат ниту овластување од граѓаните да разговара нешто што не е одобрено од граѓаните. Наместо да троши енергија за тоа, нека започне да се занимава со решавање на проблеми, како и со акутната неспособност на власта. На површина излегува дека власта нема мнозинство за уставни измени, наспроти кампањата која ја тераше цела година дека се на прагот, реагираа од ВМР0-ДПМНЕ.

Познато е, најголемата опозициска партија е на категоричен став дека може да ги поддржи уставните промени само по услов да добијат цврсти гаранции од страна на ЕУ за македонскиот идентитет во кој што е содржан јазикот и за тоа дека билатералните прашања нема повеќе да бидат можност за ново вето се додека Македонија не стане членка на ЕУ. Пратениците на оваа партија дури и потпишаа нотарски заврени изјави дека нема да гласаат за таквата промена.

Ќе има ли Маричиќ дополнителни понуди за опозицијата?

Во декември тој дури и најави дека францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц „на сите начини ќе помогнат да се обезбеди мнозинство од 80 пратеници“. А тоа ги отвора сите недемократски сценарија кои беа видени и доживеани во време на изгласувањето на уставните промени врз основа на Преспанскиот договор со Грција.

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

МВП НА 9. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ДЕНИС ШАБАНОВИЌ (ПРИЛЕП)

Ракометарот на Прилеп, Денис Шабановиќ, го доби признанието...

Лајонсите најавија соработка со Специјална Олимпијада Македонија

Лајонс Дистрикт 132 најавија поблиска соработка со атлетите...

ЅВЕЗДА НА 19. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ТАИДА БЕРОВИЌ (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Младата ракометарка на Металург Автокоманда, Таида Беровиќ, го...

Ѓорѓиевска: На ЕП да покажеме дека македонскиот ракомет се враќа на високо ниво

Женската репрезентација на Македонија ќе игра против Унгарија,...