Парондо и Мелсунген во љубов до 2027 година!

Шпанскиот стратег Роберто Парондо и бундеслигашот Мелсунген ја продолжија соработката до летото 2027 година.

Финалистот на германскиот Куп и екс тренерот на Вардар имаа договор до 2025, но ја искористија шансата многу порано да договорат продолжување за уште две сезони.

Парондо дојде во Мелсунген во 2021 година и клубот со него се наоѓа при врвот во Бундес лигата, а многу веројатно ќе игра во Европа следната сезона.

„Не размислував многу долго. Мелсунген е вистинскиот клуб за мене, бидејќи имам уште многу цели да остварам со овој клуб. Фановите ни даваат многу енергија и имаме одлична атмосфера на домашните натпревари“, вели Парондо.

Во Мелсунген играат уште двајца поранешни ракометари на Вардар, Рожерио Мораес Фереира и Даинис Кристопанс.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ