Трансфер од соништата за Хрватот Граховац – се сели во европски гигант!

Хрватскиот интернационалец Никола Граховац од лето ќе го има најголемиот предизвик во кариерата.

Актуелниот играч на бундеслигашот Балинген се сели во унгарскиот гигант Веспрем, пишува „Германијак“.

Според хрватскиот медиум, Веспрем гледа трета опција на линијата од шест метри во Граховац. Таму предност имаат Фабрегас и Пешмалбек.

Тимот на Граховац, Балинген, оваа сезона ќе испадне од Бундес лигата, па нема пречки за трансферот на хрватскиот пивот да се реализира.

Претходно Граховац беше член на Дубрава и Загреб.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ