Пендаровски и Kовачевски на свечена седница во Софија за прогласување на Илинденското востание за бугарско!

Се сеќавате на вицот за Мујо и Хасо за интуицијата? Што е тоа интуиција и кој ја има, а кој ја нема? Ај да ве потсетам.

Шетаат Мујо и Хасо по улица и Мујо му вика на Хасо:

-Хасо, ја гледаш ли саксијана на третиот спрат од зградана?

-Ја гледам.

-Е сега ќе му падне на глава на човекот, кој поминува одоздола.

Два, три чекора прават и навистина саксијата му паѓа на глава на човекот.

-Е, од каде знаше бе Мујо, му вика Хасо?

-Интуиција Хасо, интуиција, му возвраќа Мујо.

-Е, што е тоа интуиција бе Мујо, па јас ја немам?!

-Имаш, имаш, ама не знаеш. Го гледаш она дрвото ондека?

-Го гледам.

-Е, оди фати го со раширени раце.

И оди Хасо и го прегрнува дрвото, а Мујо дофрла:

-Ај сега спушти ги панталоните.

И Хасо ги спушта, а Мујо му вика:

-И што мислиш, што ќе ти правам сега?

-Мрш ѓубре едно, возвраќа Хасо.

-Ете гледаш дека и ти имаш интуиција, само што не си знаел, му возвраќа Мујо.

Вака некако гледам на веста од Софија дека партијата на Кирил Петков поднела декларација во бугарскиот парламент, која треба да потврди дека Илинденското, односно Илинденско-преображенско востание, според бугарската терминологија, е бугарско. И тоа во пресрет на 120-годишнината од Илинденското востание.

А, образоложението е едноставно – „Илинденско-преображенското востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“.

Ете, уште еднаш се потврди дека кармата е кучка. Излезе дека и либералниот хардварец, бугарскиот поранешен премиер Кирил Петков, илити бугарскиот Нелсон Мандела, според шефот на државата Стево Пендаровски, не бил баш вистински Нелсон Мандела. Бил ист Бојко Тиквата и Каракачанов заедно, само убаво спакуван во целофан заврзан со црвена панделка.

Исто како што излезе и дека Пендаровски, па и целата Влада на чело со премиерот намесник Димитар Ковачевски не знаат дека имаат интуиција, ама ќе дознаат кога официјална Софија ќе им ги спушти панталоните и учтиво ќе ги праша дали знаат, што ќе им прави потоа?

Искрено речено, за нив ич уво не ме боли што ќе им прават. Ако јас се прашувам, топтан би им ги дал на Бугарија, па она нека крши глава со нив. Мене ми се важни Македонија, македонизмот и Македонците. Е, нив, богами, не ги давам. Ни по која цена, зашто они имаат и знаат што е интуиција и со години наназад предупредуваа на каде ги води забеганата власт под плаштот на евтин пропагандизам на патот кон членството во ЕУ.

Е, море шупелки едни! Ситни продадени души! А, со такви, нели, држава не се прави, барем така на времето викаше претседателот на некогашниот СДСМ, кој сега без никакви двојби се трансформираше во СДС бугарски или неоврховистички, како милувате. Исто пакување во два примерока е.

Навистина ќе биде интересно наредниве денови. Замислете само една слика, што може, ама и не мора да биде претпоставена, туку и реална-како целата Влада на чело со премиерот намесник Димитар Ковачевски, заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски присуствуваат на свечената седница на бугарското Народно собрание на која се усвојува декларацијата за „Илинденско-преображенското востание“ како „венец на бугарското национално ослободително движење“!

Тоа би била незаборавна фотографија! Фотографија за историска антологија, со која ќе се валоризира бугарскиот сон за голема, Санстефанска Бугарија, и ќе се потврди дека „Македонија е најромантичниот дел на бугарската историја“. Па, меѓусебни целувки и прегратки, па повторување на зборовите на Богдан Филов за „Бугарија од Дунав до Белото Море и од Черното Море до Охрид“, па восхитени извици од трипати ура, ура, ура… Чудо невидено!!!

Да, да, задолжително ќе биде присутен и историографскиот еквилибрист и  „македонски“ државен историчар број 1, политички измеќар и бескруполозен конформист, кој се одѕива на титулата академик, в.д. директор на ИНИ и копретседавач на мешовитата македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, Драги Ѓоргиев.

Ќе биде интересно да се види маневарскиот простор на Комисијата за Илинденското востание. За да утврди дали навистина било бугарско, се разбира со истото образложение како за светите браќа Кирил и Методиј, Климент и Наум и за Цар Самоил дека за поголемиот дел од науката било бугарско. Патем и да му врнат дневници.

Како беше тоа паролата на СДС бугарски или неоврховистички? Рамо до рамо до победа? Или беше еден за сите, сите за никаде?

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Се подготвува спектакл – продадени 10.000 билети за последниот натпревар на Никола Карабатиќ

Легендарниот Никола Карабатиќ, кој во април ќе наполни...

Андоновски со два гола во финишот му донесе голем бод на Трст

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...

Андоновски повторно најдобар – му донесе голем бод на Трст!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...