Прилеп обезбеди најмалку опстанок – Куманово падна под Марковите Кули

Две екипи кои се борат да останат во елитата – Прилеп и Куманово, денеска по вторпат се сретнаа во рамки од 12. коло од плеј-аут фазата, а на победа се радуваа прилепчани, на крилата на голманот Ангелески и добрата одбрана во последните десет минути дојда до поскауваната цел триумфирајќи со 27:24.

Прилеп во последните две кола ќе се соочи со Вардар Неготино на гостински терен и со Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен. Куманово во 13. коло е слободен, додека во последното коло ќе се сретне со тимот на Мулти Есенс, кој веќе го загуби суперлигашкиот статус и во следната сезона ќе игра во прволигашката конкуренција.

Поради ЕХФ неделата, во која настап ќе има македонската репрезентација, како и завршницата од Купот на Македонија (17-19 мај), натпреварите од суперлигашкиот плеј-оф/аут ќе продолжат на 25/26 мај.

Уште од самиот почеток двете екипи влегоа во голема борба за секоја топка, две минути се играше гол за гол, а по нерешените 2:2, гостите во 10 минута дојдоа до позитива од плус два, 4:2. Куманово уште во два наврати ја имаше максималната предност од воведните десет минути, а по првата половина од првиот дел прилепчани направија пресврт, најпрво израмнија на 6:6, потоа со голот на Шабановиќ поведоа со 7:6.

Следуваше период во кој домаќините погодуваа за плус еден, а гостите израмнуваа, така беше се до 25 минута, потоа Прилеп до 29 минута водеше со два, но по 30 минути игра резултатот беше 14:13 во корист за домаќините.

Исто како што започна првото полувреме, така се продолжи во вториот дел, секој шут беше важен, а по осум минути игра во вторите 30 минути беше нерешено, 16:16. Куманово заигра поангажирано, повторно се разигра Радојичиќ, па така гостите во 40 минута дојдоа на максималната предност од воведниот дел, поведоа со 19:17. Прилепчани не се предаваа, се вратија во игра, изедначија на 19:19.

Гостите кога требаше повторно да направат исчекор дозволија ривалот да го сврте резултатот во своја корист. Избраниците на Мојсов во 48 минута дојде до минимална предност од 21:20. Двете екипи во желбата да дојдат до трите бодови се почесто грешеа, но домаќините беа повеќе пофокусирани се разбрани Ангелески во клучните моменти, на осум минути пред крајот предноста на Прилеп беше 23:21 и избраниците на Мојсов веќе започнаа упешно да го трасираат патот до посакуваниот триумф.

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ